Кинескиот извоз е зголемен во јули и покажува дека американските царини засега немаат големо влијание, бидејќи во САД се извезени 13,3 отсто повеќе стоки отколку во истиот период минатата година.
Најмалку 39 лица се убиени, од кои најголем дел деца, во напад извршен од страна на коалицијата предводена од Саудиска Арабија. Во нападот е погоден училишен автобус во северниот дел на Јемен, изјави официјален претставник на здравствените работници.
Италијанските власти протераа четири лица осомничени за тероризам, меѓу кои и еден македонски државјанин.
Бројот на загинати во силниот земјотрес што во неделата го погоди индонезискиот остров Ломбок порасна на 227, рече денеска Нијоман Сидекарј, директор на провинциската Агенција за помош одговорна за Ломбок.
Еквадор вчера објави вонредна состојба во три од нејзините провинции поради приливот на венецуелски мигранти, кои влегуваат во земјата преку северната граница со Колумбија.
Северна и Јужна Кореја наредната недела ќе одржат разговори на министерско ниво на север од граничното село Панминџон, соопшто јужнокорејското Министерство за национално обединување.
Американскиот сенатор-републиканец, Пол Ренд, во текот на посетата на Москва предал писмо од претседателот на САД Доналд Трамп до претседателот на Русија Владимир Путин, во обид да се омекне тонот спрема Русија и да се намали „хистеријата со санкции“ во Вашингтон.
Во јапонскиот град Нагасаки денеска беше одбележана 73-годишнина откако американските сили фрлија атомска бомба врз градот и притоа загинаа над 74.000 луѓе. Американската авијација фрли атомска бомба врз Нагасаки три дена по првата бомба фрлена врз Хирошима. Во тоа време, 260.000 луѓе живееле во Нагасаки.
На крајот на март оваа година глобалниот долг достигна 247 билиони долари, но, од висината на долгот, уште пофасцинантно е забрзувањето на неговиот раст – во првиот квартал оваа година се зголеми повеќе отколку во претходните две години, а повеќе од половината, или поточно 150 билиони, настанал само во последните 15 години!
Аргентинскиот Сенат отфрли нацрт-закон за легализирање абортуси до 14-та недела од бременоста. По дебата, 38 сенатори гласаа „против“, а 31 „за“. Пратениците можат повторно да го предложат законот за една година.