Аргентинскиот Сенат отфрли нацрт-закон за легализирање абортуси до 14-та недела од бременоста.

По дебата, 38 сенатори гласаа „против“, а 31 „за“. Пратениците можат повторно да го предложат законот за една година.

Абортус е нелегален во Аргентина, освен по случаи на силување или кога бременоста е опасна по живот.

Демонстрации од приврзаници, но и од оние кои се противат на законот, се одржаа пред парламентот.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/08/2018 11:07