САД од претседателот на Аргентина, Маурисио Макри добија зелено светло за стационирање на најмалку три американски воени бази во земјата. Ова, повикувајќи се на сопствени извори го објави мексиканскиот информативен портал „Аристеги нотисијас“.
Шведската полиција застрела 20-годишно момче со Даунов синдром и форма на аутизам, додека се движело носејќи пластичен пиштол - играчка во раката.
Припадници на турските безбедносни сили на истанбулскиот аеродром „Ататурк“ уапсија жена во чии стомак биле откриени 51 капсула со кокаин, со вкупна тежина од 600 грама.
Русија дозволи илјадници нови севернокорејски работници да влезат во земјата и да добијат нови работни дозволи, што е потенцијално кршење на санкциите на Обединети нации, објави „Волстрит џурнал“.
Симболот на Париз, Ајфеловата кула од денеска повторно ќе биде отворена за посетители откако заврши 36 - часовниот штрајк на дел од вработените кои протестираа поради условите за прием на некои туристи.
Пратеничката во Европскиот парламент од Шведска од редовите на Европската народна партија (ЕПП) и сопруга на поранешниот шведски министер за надворешни работи, Карл Билт, Ана Марија Кораца Билт, во колумна објавена во „Политико Европа“ бара од нејзината политичка групација да преземе мерки против унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Пожарникарите во Калифорнија и понатаму се борат со огнот во близина на градот Рединг, 600 километри североисточно од Сан Франциско, а гувернерот на Калифорнира Џери Браун изјави дека на спасувачите ќе им испрати „се што ќе им треба“ за да помогне.
Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска во Сингапур се договорија да продолжат да се обидуваат да ги решат спорните прашања меѓу двете земји, соопшти Стејт департментот.
Базата на американските воздухопловни сили Рајт-Петерсон соопшти дека наводниот инцидент во нејзината болница, поради кој интервенираа безбедносните и противпожарните сили, всушност бил лажна узбуна и оти персоналот на базата е безбеден.
Русија продолжува со обидите да ги ослабне и подели САД со тоа што се меша во американскиот изборен процес и во политичката дебата, изјави директорот на американската Национална разузнавачка заедница Ден Коутс на вчерашната прес конференција во Белата куќа.