Новинарите, кои во Брисел ги следат случувањата во ЕУ, се пожалија дека Белгија ја крши медиумската слобода откако им беше кажано дека ќе мора да платат 50 евра за известување од следниот самит на лидерите на ЕУ.
Илјадници Данци протестираа денеска во Копенхаген против забраната за носење на јавни места облека што го покрива лицето, како што се бурка и никаб.
Калифорниската служба за шумарство и заштита од пожари соопшти дека во пожарот се уништени уште 440 објекти, вклучувајќи и амбари и складишта.
Бројот на лицата со странско потекло во Германија се зголеми за 4,4 отсто и сега изнесува околу 19,3 милиони, соопшти денеска Сојузната служба за статистика. Во Германија живеат околу 82 милиони лица.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го повика државниот обвинител Џеф Сешнс веднаш да ја запре истрагата која ја води Роберт Малер во врска со мешањето на Русија во американските претседателски избори.
Турската студентка Черен Јилмаз го соборила рекордот на ресторан во Анталија кога изела 255 шиш ќебапи за само 23 минути.
Профитот на италијанскиот производител на спортски автомобили Ферари се зголеми за 18 отсто во вториот квартал, бидејќи испораката продолжи да расте. Нето профитот на Ферари за три месеци, заклучно со јуни, пораснал на 160 милиони евра во однос на 136 милиони евра истиот период лани.
Во рации извршени против десничарски екстремисти, пронајдени се списоци на имиња и адреси на околу 25.000 политички противници на десничари, објави Дојче Веле, додавајќи дека не е јасно колку луѓе од нив се навистина загрозени.
Европската Комисија изјави дека не и се допаѓа новиот белгиски закон со кој дописниците во Брисел и редакциите ќе треба да плаќаат 100 евра годишно за да известуваат од Самитите на ЕУ, и дека е подготвена да ги разгледа поплаките од поединци и организации.
Евентуалниот состанок помеѓу шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Мајк Помпео се комплицира поради нивните обврски, соопшти руското Министерство за надворешни работи.