Евентуалниот состанок помеѓу шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Мајк Помпео се комплицира поради нивните обврски, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Руското МНР претходно соопшти дека се обидува да организира состанок на Лавров и Помпео на маргините на Самитот на Асоцијацијата на нации во Југоисточна Азија (АСЕАН), што утре почнува во Сингапур.

Предвидени се средби на Лавров во Сингапур со неговите колеги од САД, од Австралија и од Јужна Кореја.

- Доколку Лавров се сретне со своите колеги ќе разговара за чекорите за интензивирање на соработката на земјите членки на АСЕАН со Евроазиската економска унија и со државите од Шангајската организација за соработка. Целта е да се зацврсти соработката во заедничките интереси на трите организации, се посочува во соопштението руското Министерство за надворешни работи.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2018 14:35