Бројот на лицата со странско потекло во Германија се зголеми за 4,4 отсто и сега изнесува околу 19,3 милиони, соопшти денеска Сојузната служба за статистика. Во Германија живеат околу 82 милиони лица.
За лица со странско потекло се сметаат оние кои не се родени на германско тло или едниот родител е роден во странство.
Најновите податоци покажуваат дека 51 процент од тие лица имаат германско државјанство.
Статистиката покажува дека најголем дел од нив се Турци - 2,8 милиони, потоа Полјаци - 2,1, Руси - 1,4 милиони и Казахстанци - 1,2 милиони.