Во рации извршени против десничарски екстремисти, пронајдени се списоци на имиња и адреси на околу 25.000 политички противници на десничари, објави Дојче Веле, додавајќи дека не е јасно колку луѓе од нив се навистина загрозени.
Германското Министерство за правда одговори дека само тројца луѓе се информирани дека биле на листата, поради што владата се најде на удар на остри критики.
Тило Веихерт, еден од членови на одборот на Германското здружение за заштита на податоците, рече дека фактот што има 25.000 имиња на листите не го поддржува тврдењето дека сите тие луѓе се во вистинска опасност.
Левичарскиот весник Јунге Велт објави дека Федералното биро за борба против криминалот, меѓу податоците за 10.000 „непријатели" на неонацистичката НСУ, најде адреси, како и мапи кои не може јасно да се локализираат.
Кога станува збор за тие податоци, владата одговори на парламентарната истрага дека не е сигурно да се одреди кои адреси или кои обележани локации би можеле да бидат цели за напад.