Ирачкото Воено воздухопловство во координација со сириската армија, денеска изврши напади врз позиции на џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Сирија.
Американскиот Стејт департмент дава безрезервна подршка за евроатлантската иднина на Македонија, откако земјата доби неусловена препорака од Европската комисија за започнување на преговори за членство во ЕУ.
Владата на Германија е согласна да прифати уште 10.000 бегалци од Северна Африка и Блискиот Исток, како дел од програмата на Европската унија, изјави денеска еврокомесарот за миграција, внатрешни работи и државјанство Димитрис Аврамопулос.
Tри белгиски фирми се обвинети дека помеѓу 2014 и 2016 година во Сиријаи спратиле 96 тони изопропанол, супстанца кој се користи за производство на смртоносниот гас сарин, што беше употребен во хемиски напади од страна на силите лојални на сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Меѓународни воени експерти објавија рејтинг на најмоќни армии во светот на специјализираниот воен портал Глобал фајерпауер (Global Firepower) за 2018 година.
Американците фрлаат речиси 150.000 тони храна дневно или повеќе од 400 грама по човек, покажа истражување чии резултати се објавени во научното списание „Плос Уан“ (Plos One).
Домот на лордовите со 348 гласови „за“ и 225 „против“, го прифати амандманот на Предлог-законот на Меј, со кој се бара од министрите до крајот на октомври да ги известат какви напори презеле за останување на земјата во Царинската унија.
Канцеларите на Германија и Австрија, Ангела Мрекел и Себастијан Курц денеска се согласија дека конфликтот во Сирија не може да се реши со воени средства.
Киев планира да го конфискува имотот на „Газпром“ во Украина, како и имотот на оваа руска компанија во странство, изјави украинскиот министер за правда Павел Петренко.
Раководителот на рускиот комуникациски регулатор Роскомнадзор, Александар Жаров, денеска призна дека милиони ај-пи адреси биле блокирани при неуспешен обид за запирање на апликацијата за испраќање пораки Телеграм.