Акцијата на спасувачките екипи за извлекување на децата и нивниот тренер, кои повеќе од две недели се заглавени во една поплавена пештера во Тајланд, е завршена за денеска и таа ќе продолжи утре, јави Си-Ен-Ен.
Претседателот на Еритреја, Исаја Афверки и премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед денеска потпишаа заедничка декларација за мир и пријателство, со што првпат се воспоставени официјални дипломатски односи помеѓу двете држави по прекин од две децении.
Спасувачките екипи во Тајланд денеска извадија уште три од 12-те деца кои заедно со нивниот тренер по фудбал беа заглавени во поплавена пештера. Со ова, бројот на деца спасени од пештерата се искачи на осум.
Државниот секретар на САД, Мајл Помпео денеска пристигна во ненајавена посета на главниот град на Авганистан, Кабул.
Европската комисија и САД реагираа за отстранувањето на главниот обвинител на Националната дирекција за борба со корупцијата во Романија Лаура Кодруца Ковеши, потенцирајќи дека државата треба да продолжи да се бори против корупцијата.
Европската комисија денеска не сакаше да ја коментира оставката на Дејвид Дејвис, човекот што ги предводеше преговорите за Брегзит, излезот на Велика Британија од ЕУ.
На светските пазари цената на нафтата минатата недела падна, по две недели раст, што е последица на јакнење на трговската напнатост во светот и зголемувањето на производството во Саудиска Арабија.
Двајцата новинари на агенцијата Ројтерс, кои се обвинети за шпионажа во Мјанмар, денеска изјавија дека не се чувствуваат виновни.
Лаура Кодруца Ковеши, по указот на романскиот претседател Клаус Јоханис, со кој ја отстрани од раководната функција во Националната дирекција за борба со корупцијата (НДБК), на денешната прес-конференцијата рече дека во моментов нема политичка волја за независно правосудство.
Европската унија и НАТО утре ќе потпишат заедничка декларација за соработка, јави дописничката на МИА од Брисел. Ден пред самитот на НАТО закажан за 11 и 12 јули во Брисел, утре е закажано потпишување на заедничка декларација за помеѓу ЕУ и Алијансата.