Официјално и правно воведувањето на царините за увоз на челик и алуминум е објаснето со националната безбедност. Тоа очигледно е измама пред фактите дека главни директни жртви на царините се американските демократски сојузници.
Министрите за внатрешни работи на земјите членки на Европската Унија денеска изразија песимизам за излез од ќорсокакот со реформите што се прелагаат во областа на азилот, со што се намалуваат шансите за изнапѓање компромис за прашањето до Самитот на Унијата што ќе се оджри кон крајот на овој месец.
Британска владина институција денеска продаде државен удел во Кралската банка на Шкотска (РБС) од вкупно 7,7 проценти од банката.
Германската полиција денеска соопшти дека спровела евакуација во учениците и вработените во едно основно училиште во Берлин, поради „закана“.
Израелската безбедносна служба Шин Бет денеска соопшти дека спечила напад врз премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху и врз градоначалникот на Ерусалим, Нир Баркат.
Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) ќе донира 150 илјади долари за јужнокорејскиот град Пјонгчанг, каде што во 2018 година се одржаа Зимските олимписки игри.
Актуелниот потпретседател на Европската Комисија задолжен за енергетската унија, Словакот Марош Шефчович, потврди дека ќе биде кандидат за претседател на идната Еврокомисија.
Агендата на средбата ги вклучува трговските односи на поранешната југословнска Република Македонија и ЕУ, вклучително и реформската агенда и истрагата на ЕУ за заштитни мерки за челикот, порачуваат од ЕК.
Извршниот директор на „Старбакс“, Хауард Шулц, ја напушта раководната позиција во светкси познатиот ланец на кафулиња и влегува во политичките води, тврди весникот „Њујорк Тајмс“.
Рускиот претседател Владимир Путин оцени дека е потребно спроведување објективна истрага за да се утврди дали и кој употребувал хемиско оружје за време на конфликтот во Сирија.