Десетици невооружени талибански борци денеска влегоа во авганистанскиот главен град благодарение на примирјето по повод муслиманскиот празник Рамазан Бајрам, кој го означува крајот на светиот месец Рамазан.
Нема смисла западните сојузници на САД да се обидуваат да го сфатат претседателот Доналд Трамп, изјави германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас во интервјуто објавено денеска во италијанскиот весник „Кориере дела сера“.
Австриската Влада договори флексибилно работно време што во таа држава ќе овозможи работен ден од 12 часа, но и работна недела од четири дена.
Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер ја смени шефицата на Федералната канцеларија за миграции и бегалци, Јута Корд која е вмешана во скандал околу неправилности во врска со донесување одлуки за азил на мигранти.
Три години по почетокот на бегалската криза во Европа повторно се зголемуваат тензиите меѓу членките на Европската унија за тоа како да се реагира на илегалната имиграција, воглавно од Блискиот исток и од Африка, објави Гардијан.
- Го поздравуваме договорот постигнат помеѓу двете влади во Атина и Скопје, кој работи на изнаоѓање решение за долгогодишниот билатерален спор, се наведува во соопштението.
Во текст објавен во американскиот „Форин Полиси“, професорот Едвард Џозеф предлага премиерите на Македонија и Грција да се номинираат за Нобелова награда за мир поради договорот за името.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна во интервју за виенски Стандард дека очекува голем чекор за Македонија кон ЕУ по договорот со Грција во врска со името.
Германската разузнавачка служба БНД шпионира со години околу 2.000 цели во Австрија, тврди виенскиот неделник Профил.
Демократската партија на САД го закажа за средината на јули 2020 година партиски конгрерс на кој ќе се номинира кандидат за претседателските избори во таа година.