Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) ќе донира 150 илјади долари за јужнокорејскиот град Пјонгчанг, каде што во 2018 година се одржаа Зимските олимписки игри.
Актуелниот потпретседател на Европската Комисија задолжен за енергетската унија, Словакот Марош Шефчович, потврди дека ќе биде кандидат за претседател на идната Еврокомисија.
Агендата на средбата ги вклучува трговските односи на поранешната југословнска Република Македонија и ЕУ, вклучително и реформската агенда и истрагата на ЕУ за заштитни мерки за челикот, порачуваат од ЕК.
Извршниот директор на „Старбакс“, Хауард Шулц, ја напушта раководната позиција во светкси познатиот ланец на кафулиња и влегува во политичките води, тврди весникот „Њујорк Тајмс“.
Рускиот претседател Владимир Путин оцени дека е потребно спроведување објективна истрага за да се утврди дали и кој употребувал хемиско оружје за време на конфликтот во Сирија.
Дојде време Турција да стави крај на тензиите во односите со САД, изјави синоќа турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу по средбата со американскиот државен секретар Мајк Помпео во Вашингтон.
Германците се уште чуваат милијарди германски марки, речиси 28 години по повлекувањето од оптек на валутата на поранешна Источна Германија и 16 години од воведувањето на еврото.
Органите на Европската народна партија, демохристијанската група во Европскиот Парламент, ЕПП, не реагираат на написите на Еурактив за обраќањето на унгарскиот премиер Виктор Орбан на митингот на опозицијата.
Европскиот портал Еурактив утрово ги пренесува пораките на унгарскиот премиер Виктор Орбан објавени за време на митингот на најголемата макеоднска опозициска партија во кои тој ги поздравува напорите на ВМРО ДПМНЕ да го блокира решението со Грција и “да не потклекне под притисок од странски сили.“
Холандската партија Христијански демократски повик (ЦДА), која е членка на Европската народна партија, (ЕПП), усвои резолуција со која бара Унгарскиот граѓански сојуз - Фидес на унгарскиот премиер на Виктор Орбан, да биде исклучен од асоцијацијата на европските демохристијани.