Цената на нафтата забележа пад при отворањето на неделното тргување денеска, и покрај наближувањето на летото со вообичаено повисоката побарувачка во овој период.
Европската комисија ги поздрави пораките на германската канцеларка Ангела Меркел за реформи на Европската Унија и Еврозоната, дадени викендов за германски медиум, изјави денеска портпаролот на ЕК, Маргаритис Схинас.
Германски Баер најави дека по преземањето на Монсанто, ќе престане да го употребува името на американскиот производител на земјоделски семиња и хербициди.
Најмалку едно лице загина при експлозија на поствена бомба во близна на воена база во која се сместени американски и француски војници во северната сириска провинција Рака, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
Советот за директори на Газпром одобрил доделување кредит од 2,142 милијарди евра на компанијата „Саут Стрим танспрот“ која е оператор на проектот „Турски тек“.
Идниот претседател на Турција ќе биде избран во вториот круг од претседателските избори, што би се одржал на 8 јули, покажуваат резултатите од анкетата на агенцијата „Консензус“
Ова се само некои од прашањата што ги отвори 5. „Тера Мадре Балкан“ директно во Брисел. На конференции во Европскиот Парламент заедно седнаа европратеници, претставници на Слоу фуд, универзитетски професори, производители,... На иста маса ги ставија актуелните политики, состојби и проблеми.
Екологистите од целиот свет вложуваат големи напори да ги спасат животинските видови од исчезнување. И покрај неодамнешната смрт на последниот машки бел носорог, постојат надежи дека научниците ќе можат да го вратат овој вид.
Новата италијанска влада ќе ја измени реформата на пазарот на трудот воведена од претходната администрација, изјави денеска италијанскиот министер за труд и индустрија, Луиџи ди Мајо.
Жители на Малезија одлучија да соберат пари за намалување на државниот долг кој моментно изнесува околу 80 отсто БДП.