Европските пазари денеска продолжија да губат на вредност, а и еврото продолжи да паѓа, како резултат на политичката криза во Италија каде претседателот Серџо Матарела го блокираше формирањето на нова влада од страна на двете партии кои победија на изборите.
Американската компанија Харбор Енерџи се откажа од инвестирањето во австралиско-кинеската компанија Сантос, која има повеќе проекти во експлоатација и транспорт на втечнет природен гас во растечкиот пацифички пазар.
Првиот пробен лет е реализиран на новиот, трет аеродром во Истанбул, кој треба да се пушти во употреба на 29 октомври, на националниот празник на земјата, објави турската телевизија НТВ.
Во Франција во 2017 годиина имало еден милион помалку пушачи во однос на 2016 година и тоа се должи пред се на повисокиот данок на тутун, соопшти денеска Министерството за здравство.
Светскиот бренд Кока-кола денеска во Јапонија го лансираше својот прв алкохолен напиток со вкус на лимон, а во три верзии, во обид да придобие нови потрошувачи, објави Би-Би-Си.
Пет црногорски државјани се уапсени во Франција откако полицијата во нивниот автомобил пронашла 69 килограми кокаин, вреден околу 2,5 милиони евра.
Американското Министерство за финансии подготви нов пакет санкции за Северна Кореја, со кои ќе бидат засегнати руски и кинески компании, објави денеска весникот „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на двајца неименувани претставници на американската администрација.
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ја истакна важноста за зачувување на принципите на еврозоната, во момент кога во Италија најверојатно ќе се одржат предвремени избори.
Рускиот тајкун и сопственик на Челзи, Роман Абрамович денеска доби израелско државјанство и ќе се пресели во Тел Авив, објавија израелските медиуми.
На најновата листа на најдобро рангирани пасоши на американската компанија „Хенли енд Партнерс“ Македонија се наоѓа на 41 место бидејќи Македонците можат да патуваат во 125 држави без виза.