Израел многу ја цени одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на САД од Договорот за иранската нуклеарна програма, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва соопшти дека САД се повлекуваат од Договорот за иранската нуклеарна програма и најави возобновување на санкциите кон Иран, кои беа укинати согласно документот.
Кинескиот претседател Си Џинпинг се најде на првото место на ранг листата на највлијателни луѓе на планетата, што денеска на својата интернет страница ја објави американското списание „Форбс“.
Билатералните трговски односи и состојбата околу Северна Кореја беа главни теми на денешниот телефонски разговор меѓу претседателите на САД и Кина, Доналд Трамп и Си Џинпинг.
Тврдењето на весникот е објавено неколку часа пред најавеното обраќање на Трамп во кое тој треба да ја соопшти својата одлука околу еветуелното повлекување на САД од иранскиот нуклеарен договор.
- Опасно е. Денес ние сме опкружени со одредени луѓе, кои говорат за нова трка во вооружувањето, рече Кери, додавајќи дека парите наместо за развоја на оружје, треба да се трошат за здравството, училиштата и инфраструктурата и за градење на иднината.
Секоја форма на национализам води кон војна и затоа треба да направиме се што е во наша моќ да се справиме со национализмот и екстремната десница, изјави денеска претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.
Ваквото предупредување од Техеран доаѓа само неколку часа пред најавеното обраќање на Трамп, при што тој ќе ја објави својата ослука во врска со иранскиот нуклеарен договор.
Американскиот сенатор од демократите Бен Кардин синоќа порача дека Грција треба да биде решавачки фактор во решавање на отворениот спор со Македонија, а не да подржува трендови за дестабилизација на регионот, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска го обвини Иран дека распоредува „многу опсано оружје“ во Сирија, со цел да го уништи Израел.