Регулаторите треба да најдат начин да „отстранат“ три нули од цените на акциите на берзата, бидејќи компјутерите не можат да го издржат растот на вредностите на локалните акции.
Северна и Јужна Кореја се согласија дека заеднича цел ќе им биде целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров и прогласување службен крај на Корејската војна (1950-1953).
Еден Колумбиец загина, откако по хеликоптерска несреќа која ја преживеал, бил згмечен од друг хеликоптер што дошол да го спаси.
Канадскиот Империјал Оил соопшти дека ја зголемил продажбата во првиот квартал на 2018 година за 55 проценти, благодарение на солидниот пораст во секторите рафинирање на нафта и производство на хемикалии.
Кремљ денеска соопшти дека историскиот самит на лидерите на Јужна и Северна Кореја претставува многу позитивна вест, додека Јапонија наведе дека „апсолутно не смее“ да биде исклучена од процесот на денуклеаризација.
Британската премиерка Тереза Меј рече дека е разочарана од најновите резултати во економскиот раст на земјата и најави инвестиции од милијарди фунти во инфраструктурата за да го забрза растот. Во првиот квартал на 2018 година Британија растеше со само 0,1 процент.
Доналд Трамп ќе го посети Лондон во јули, и покрај најавите за демонстрации, изјави американскиот амбасадор во Велика Британија Вуди Џонсон и додаде дека претседателот на САД е „дебелокожец“.
На денешниот самит меѓу Јужна и Северна Кореја е договорено Мун Џае-ин да го посети Пјонгјанг на есен.
Јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун постигнаа историски договор за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров и за крај на војната.
Рускиот алуминиумски гигант Русал најави промени во својот борд на директори, со цел да ги убеди САД да се откажат од планот за воведување санкции.