Високи официјални претставници на Северна и Јужна Кореја на преговорите во демилитаризираната зона Панмунџон одржани денеска, се договoрија средбата меѓу лидерите на двете земји Ким Џонг-ун и Мун Џе-ин да се одржи на 27 април.
Барбара Спинели, европратеничка и ќерка на еден од основачите на Европската Унија, Алтиеро Спинели, во интервју за МИА говори за демократските слабости на Европската Унија, лажните вести од Македонија и за заканите врз слободата на медиумите и новинарите во Европа.
Швајцарија денеска се приклучи на санкциите што повеќе европски држави ги воведоа против властите на Венецуела. Во иднина, Венецуела нема да може да купува оружје или средства кои може да се искористат за политички репресии од Швајцарија.
Претседателот Реџеп Тајип Ердоган се сретна со високите претставници на ЕУ во бугарскиот град Варна, со кои имаше отворени разговори за актуелните недоразбирања меѓу Анкара и ЕУ и за тоа како да се надминат разликите.
- Не треба да одиме далеку, да помислиме што се случува дома (во Италија), изјави папата Франциско зборувајќи генерално за „лажните христијани“ кои се корумпирани, а се прикажуваат како правдољубиви.
Соочени со неизвесноста од содржината на конечниот договор за Брегзит, доколку дојде до него, британските компании преземаа одредени мерки.
Заменик министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков изјави дека Москва ќе го процени нивото на непријателство од страна на Вашингтон и Лондон кон Русија пред да одговори на протерувањето руски дипломати.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун од 25 до 28 март престојуваше во Кина, каде имаше средба со својот кинески колега Си Џинпинг, потврдија Сеул и Пекинг.
Европската комисија денеска ќе претстави акционен план за создавање на „воен Шенген“ за да го олесни транспортот на војници и техника во Европската унија, за кој моментално има повеќе административни формалности и недостиг на инфраструктура.
Јапонските медиуми вчера објавија дека под силни безбедносни мерки, специјален севернокорејски воз пристигнал во Пекинг, што сугерира дека допатувала делегација на високи претставници на Пјонгјанг.