Инцидентот се случил во провинцијата Сирнак. Мажот се обидел да го прегрне Ердоган, но телохранителите го спречиле и го тргнале. Мажот подоцна објаснил дека негова единствена цел била да го прегрне претседателот, но не бил разбран.
Активистка на феминистичката група Фемен со разглени гради, денеска се обиде да украде статуа од бебето Исус на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, но ја беше спречена од страна на локалната полиција.
Тамошната влада постојано работи на спречување на влез на какви било информации за Божик, поради што многу граѓани на Сeверна Кореја не знаат за тој празник.
Педесет и осумгодишен маж се обидел да се самоубие така што со автомобил влетал во седиштето на Социјалдемократска партија на Германија (СПД) во центарот на Берлин, при што се здобил со полесни повреди.
Американските социјални мрежи, Фејсбук и Инстаграм, ги затворија профилите на чеченскиот претседател Рамзан Кадиров. Пред да му бидат згаснати профилите, Кадиров имаше повеќе од три милиони следбеници на Инстаграм, а околу 760.000 на Фејсбук.
За божикните и новогодишните празници француските власти распоредија уште речиси 100 илјади дополнителни полицајци и војници поради страв од терористички напади.
Сменетиот каталонски лидер Карлес Пуџдемон ја повика шпанската Влада да му дозволи да се врати во Шпанија за да присуствува на првата седница на новиот каталонски Парламент и да стане нов лидер на Каталонија.
Воениот аналитичар на американската телевизија „Фокс њуз“ Ралф Питерс тврди дека актуелната амбасадорка на САД во ОН Ники Хејли би можела да стане првата претседателка во историјата на земјата и ја споредува со некогашната британска премиерка Маргарет Тачер.
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, ја назначи поранешната директорка на УНДП, Хенриета Фор, за директорка на УНИЦЕФ, соопшти портпарол на ОН, Стефан Дижарик.
Израел соопшти денеска дека ќе го напушти УНЕСКО поради „системски напади“ од страна на организацијата кон еврејската држава.