Претседателот на Русија Владимир Путин денеска изјави дека тој имал нормален дијалог со американскиот претседател Доналд Трамп на самитот на Азиско-пацифичка економска соработка (АПЕК) во Виетнам.
Претседателот на Русија Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп денеска разговараа на маргините од вториот ден од Самитот за Азија-Пацифичка економска соработка (АПЕК) во Виетнам и потврдија заедничка изјава за Сирија.
Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан, на синоќешната конференција по повод Денот на медиумите во Тирана, наведе дека Европската комисија внимателно ги следи тешкотиите и предизвиците со кои се соочуваат новинарите од Западен Балкан.
Британската Влада денеска објави дека Велика Британија ќе ја напушти Европска унија на 29 март 2019 година во 23 часот по локално време.
Новинарот правел интервју во Остија, откако неофашистичкото и антимигрантското движење Казапаунд оствари голема победа на изборите што беа одржани во неделата во Остија.
Се претпоставува дека Франција, која долго време игра заштитничка улога врз Либан, ќе се обиде да посредува во спорот меѓу двете земји, како и во случајот на либанскиот премиер Сад Харири, кој е во Саудиска Арабија, и за кого се стравува дека е лишен од слобода.
Конфронтацијата со Русија е главна движечка сила на сите напори на НАТО за прилагодување на своите воени потенцијали, оцени рускиот амбасадор во седиштето на Алијансата, Александар Грушко.
Ватикан денеска соопшти дека повеќе нема да се продаваат цигари во фри-шопот и во супермаркетот со што ќе се откаже од годишен профит од околу 10 милиони евра.
Азиската турнеја на Доналд Трамп предизвика дипломатски инцидент и размена на протестни ноти меѓу Јапонија и Јужна Кореја, објави „Фајненшл тајмс“.
Околу 1.500 демонстранти синоќа фрлаа тоалет хартија кон зградата на романската Влада, во знак на протест против владиниот предлог-закон со кој се предвидува во иднина министерот за правда да го именува јавниот обвинител.