Еден од лидерите на каталонските сепаратисти, Жорди Санчез, кој се наоѓа во затвор, ја повлече својата кандидатура за функцијата претседател на Владата на Каталонија, за да овозможи брзо формирање на регионалните власти, соопштија официјални лица на Парламентот во Барселона.
Цената на нафтата на светските берзи се искачи на 67,56 долари за барел брент нафта, што претставува пораст од 0,2 проценти.
Презентирајќи им на новинарите во Овалната соба паноа со податоци и фотографии од воена опрема која САД им ја продале на Саудиска Арабија, Трамп се осврна на влијанието на таа трговија врз американската економија.
На прашањето дали Белата куќа цени дека изборите во Русија биле слободни и фер, портпаролот кусо одговори: „Не сме изненадени од резултатот од изборите“.
Словачкиот претседател Андреј Киска денеска одби да ја именува владата што ја предложи мандатарот Петер Пелегрини и побара од него до петок да достави нови кандидати за министри.
Романската полиција соопшти дека истражува сомнителна смрт на познат новинар, кој бил пронајден мртов во неговиот дом во близина на Букурешт. Полицискиот портпарол Чиприан Романеску синоќа изјави дека Андреј Георге починал под сомнителни околности 12 часа претходно.
Палестинскиот лидер Махмуд Абас го обвини амбасадорот на САД во Израел, Дејвид Фридман дека ја подржува изградбата на еврејски доселенички населби на Западниот Брег, нарекувајќи го при тоа „кучки син“.
Француската полиција денеска го приведе на распит поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози во рамки на истрагата за илегално финансирање на неговата предизборна кампања.
Актерката и неолибералната активистка Синтија Никсон, позната по ликот на Миранда од „Сексот и градот“, денеска објави дека ќе влезе во трката за гувернер на Њујорк, предизвикувајќи го сегашниот гувернер Ендрју Куомо во трката за номинацијата од Демократската партија.
Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) денеска соопшти дека во Русија немало вистински избор на вчерашните претседателските избори.