Кинеската влада денеска предупреди дека тензиите на Корејскиот Полуостров достигнале „критична точка“ откако Северна Кореја лансираше балистичка ракета преку Северна Јапонија.
Амбасадорот на Северна Кореја во ОН Ја Сонг Нам порача дека САД треба да очекуваат „катастрофални последици“, доколку продолжат со острата реторика.
Русија денеска соопшти дека е сериозно загрижена поради ситуацијата во Северна Кореја, предупредувајќи на „тенденција кон ескалација“, откако Пјонгјанг лансираше ракета што прелета преку северниот дел на Јапонија.
Генералниот секретар на јапонската Влада Јошихиде Суга изјави денеска дека последното лансирање ракета од страна на Северна Кореја е закана на која Токио остро ќе реагира.
Советот за безбедност на ОН ќе се собере денеска попладне на итен состанок за Северна Кореја по барање на Токио и Вашингтон, откако Северна Кореја утринава истрела ракета која прелета над Јапонија.
Северна Кореја лансираше ракета која ги надлета северните делови од Јапонија, пред да падне во морето, соопшти јапонската влада.
Претседателот на САД, Доналд Трамп прогласи денеска вонредна состојба во Луизијана откако поројните дождови предизвикани од тропската бура Харви ги погодија деловите на оваа американска сојузна држава.
Тропската бура „Харви“ го опустоши крајбрежниот дел на Тексас и до сега усмрти најмалку три лица, евакуирани се најмалку 2.000 луѓе, а повеќе стотици се без струја. На помош пристигна и американската Национална гарда.
Најмалку две лица загина, а 14 се повредени во ударот на ураганот „Харви“ во Тексас. Едно лице загинало во пожар во округот Арансас, додека другото настрадало во поплавите во близина на Хјустон.
При пробниот напад, кој е извршен сред ноќ, полицајците маскирани како екстремисти користеле чамец за да му пријдат на Парламентот преку река, а потоа лесно влегле во зградата, провалувајќи во салата на Долниот дом, наведува весникот.