Социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм ги исклучија профилите на екстремните десничари кои учествуваа во инцидентите во Шарлотсвил, во кои загина една жена.
Твитот на поранешниот американски претседател Барак Обама по повод насилствата во Шарлотсвил е најпопуларен во историјата на Твитер.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ја одложи одлуката за истрелување ракети во правец на американската територија Гуам, и одлучи да види што прво ќе направат САД, соопштија севернокорејските медиуми.
Берлин е подготвен да и врати на Грција 416,7 милиони евра, објави германскиот весник „Билд“.
Вршителот на должноста шеф на косовската дипломатија Емануел Демај денеска соопшти дека Косово не поднело апликација за членство во Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО).
Авио-компанијата Ер Берлин поднесе барање за стечај поради несолвентност откако главниот акционер Етихад ервејз, одби понатамошно финансирање.
Илјадници присуствуваа на годинашната церемонија во Токио во спомен на загинатите над три милиони Јапонци кон конфликтот. На церемонијата учествуваа и императорот Акихито, императорката Мичико, премиерот Шинѕо Абе, јави ДПА.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, повика на итно решавање на кризата на Корејскиот Полуостров на мирен, а никако на воен начин.
Британската влада има подготвено план за уредување царинска спогодба, што би требало да се постигне со земјите од ЕУ, по Брегзит, откриваат лондонските медиуми.
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) привела четворица терористи, еден државјанин на Русија и тројца на централноазиските држави, кои подготвувале атентати во Москва и регионот, соопшти прес центарот на ФСБ, пренесе ТАСС.