Британската премиерка Тереза Меј денеска го поздрави заедничкото соопштение на групата Г-7, кое, како што истакна таа, ја препознало потребата да бидат продолжени санкциите за Русија, иако американскиот претседател Доналд Трамп изнел предлог Русија да се врати во групата.
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави синоќа дека заедничкиот текст на лидерите на земјите од групата Г-7 претставува само прв чекор во обидот „да се стабилизираат работите“.
Лидерите на земјите од групата Г-7 по дводневниот Самит во Ла Малбе се сложија за „слободна и фер трговија што ќе биде во корист на сите“, како и за продолжување на борбата против протекционизмот.
Групата Г-7 ќе донира 2,5 милијарди евра за образование на сиромашни девојчиња, јави ДПА, повикувајќи се на извор од домаќините на Самитот на групата во Ла Малбе.
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека лидерите на групата Г-7 се согласиле за заедничка позиција за трговијата, иако се уште постојат несогласувања меѓу нив.
Како што јави МИА, Анкара го започна проектот за изградба на заштитниот ѕид долж границата со Сирија во 2015 година, како дел од мерките за зајканување на безбедноста на границите и борбата против криумчарењето и незаконските гранични премини.
Претседателот на САД, Доналд Трамп во рамките на Самитот на групата Г-7 во Ла Малбе, посочи дека наскоро заминува за Сингапур на „мировна мисија“ на Самит со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Тој нагласи дека Русија „никогаш не сакала да се врати“ во групата, од каде беше исклучена во 2014 година, по анексирањето на Крим и избувнувањето на конфликтот со проруските сепаратисти во источна Украина.
- Италија смета дека е важно да се води дијалог си Русија, но тоа не значи дека (антируските санкции) можат да биде укинати од „денеска за утре“, нагласи Конте во рамки на Самитот на Г-7 во Ла Малбе.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека разговорите на Самитот на групата Г-7 за трговија биле „исклучително продуктивни“.