Европската комисија денеска изрази надеж дека Турција ќе остане посветен партнер и по вчерашната победа на Реџеп Тајип Ердоган на претседателските избори.
Новата годишна анализа на Блумберг, наречена New Energy Outlook 2018, врз основа на податоците од 65 енергетски експерти од 12 главни светски пазари, предвидува како ќе се развива пазарот на електрична енергија до средината на овој век.
Главна тема на Светската конференција за природен гас, која што денеска се отвора во Вашингтон, ќе биде дали трговската војна меѓу Кина и САД ќе се одрази и на овој се поважен енергенс.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенеберг денеска изјави дека очекува лидерите на земјите членки на Алијансата на Самитот во јули да донесат одлука за официјално започнување на преговорите за полноправо членство на Македонија во НАТО.
Во случај на воен конфликт со Русија во Европа НАТО ќе претрпи пораз поради лоша патна мрежа и бирократија. До овој заклучок дошле во Пентагон како резултат на симулација на потенцијална војна, објави „Вашинтон пост“.
Десетина припадници на екстремната десница се уапсени поради планирање напади врз муслимани, јавуваат денеска француски медиуми.
Австриската министерка за надворешни работи Карин Кнајсл одговарајќи на новинарско прашање за отворањето преговори со Македонија и Албанија порача дека земјите ги исполниле задачите за преговори и дека кредибилитетот на ЕУ е во прашање.
Сите 27 членови на полициска станица во мексиканскиот град Окамп се уапсени под обвинение дека биле вмешани во убиството на кандидатот за градоначалник Фернан Анџелес Хуарес (64).
Високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, ден пред клучниот состанок на ЕУ министрите каде треба да се разгледува препораката за старт на преговори со Македонија, повторно ги повика земјите членки да го наградат напредокот на Македонија.
Министерството за финансии на САД подготвува правила за спречување компании со најмалку 25 отсто кинеската сопственост да купуваат американски компании во „индустриски значајни" технолошки области, објави Волстрит џурнал.