„Работнички“ го совлада „Гостивар“ со 91:90 во дербито на Првата машка кошаркарска лига, а јунак на натпреварот беше српскиот крилен центар Данило Мијатовиќ
Фудбалското дерби на англиската Премиерлига помеѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул заврши нерешено со 1:1.
Победи нашето срце, но и тактиката која ја применивме во второто полувреме, изјави за МИА, тренерот на словачкиот шампион Татран Прешов, Славко Голужа, по победата над Еурофарм Работник од 24:23.
Српскиот лев бек Александар Коларов денеска на гостувањето на Рома кај Сампдорија од италијанската Серија А го имаше својот јубилеен настап, 100-ти во дресот на „римската волчица“.
Во кошаркарскиот клуб Фенербахче се среќни што по цели осум месеци пауза поради повреда им се врати францускиот центар Жофри Ловерњ.
Француската фудбалска легенда Жан Пјер Папен смета дека во Пари Сен Жермен воопшто не треба да имаат дилема кој од двајцата напаѓачи треба да биде стартер.
Интер славеше на гостувањето кај Сасуоло со 4:3 и со новите три бода, сега е со минимално заостанување од еден бод зад лидерот на Серија А, Јувентус.
Натпреварите од Втората фудбалска македонска лига донесоа неколку интересни резултати и победи на тимови со голови во финишот.
Поразот од Струга Трим Лум, кој го смести Работнички на последното место на прволигашката табела во фудбалската Прва лига, доведе до разделба на клубот со тренерот Александар Влахо.
Поранешната репрезентативка на Русија во биатлон, Екатерина Авакумова по вторпат за две години си го менува државјанството. Oткако лани на Зимските олимписки игри настапи во дрес на Јужна Кореја, сега ќе ја претставува Србија.