Српскиот лев бек Александар Коларов денеска на гостувањето на Рома кај Сампдорија од италијанската Серија А го имаше својот јубилеен настап, 100-ти во дресот на „римската волчица“.
Искусниот Коларов ги одигра сите 90 минути, а на мечот немаше голови. Капитенот на српската фудбалска репрезентација кариерата ја почна во Чукарички од Белград, потоа беше член на ОФК Београд, па играше за Лацио, следуваа седум години престој во Манчестер сити, а од 2017 година е во Рома.
Од Рома, на нивните профили на социјалните мрежи, објавија клип посветен на Коларов и потсетија на неговите најдобри потези како член на „џало-росите“.