Марио Балотели влезе како резерва и се запиша во листата на стрелците во своето деби за Олимпик Марсеј, но тоа не помогна да биде избегнат домашниот пораз со 1:2 од Лил во натпревар од 22-то коло на француското фудбалско првенство.
Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери призна за супериорноста на Манчестер Јунајтед по поразот со 1:3 во меч од шеснаесетфиналето на ФА Купот, одигран во Лондон.
Поранешниот тренер на Монако, Тиери Анри, се збогуваше со клубот, објавувајќи порака на „Твитер“.
Џејмс Харден забележа повеќе од 30 поени во 22-ри натпревар по ред, при драматичниот успех на Хјустон над Торонто, со 121:119 во НБА лигата.
Португалскиот тренер Леонардо Жардим (44) се врати на чело на Монако. Тој го замени на позицијата Тиери Анри, кој беше ослободен од обврските порано денес.
Манчестер Јунајтед на Оле Гунар Солскјер продолжува со неверојатното претставување, откако го елиминира Арсенал од ФА Купот и се пласираше во осминафиналето на најстариот фудбалски турнир.
Репрезентацијата на Норвешка го совлада домаќинот Германија со 31-25 (14-12) и се пласираше во финалето на Светското ракометно првенство.
Фудбалерите на Борусија Дортмунд нема да добијат забрана за трансфер во Баерн Минхен, како што напиша весникот „Билд“ пред десетина дена.
НБА лигата го суспендираше српскиот кошаркар Никола Јокиќ поради влегувањето од клупата на теренот за време на натпреварот помеѓу Денвер и Јута.
Ракометната репрезентација на Данска е првиот финалист на Светското првенство, откако вечерва убедливо ја совлада Франција со 38-30 (21-15).