Поранешниот фудбалер на Манчестер сити, Мика Ричардс и рече збогум на фудбалската кариера.
Ричардс, иако има само 31 година, мораше да ја донесе таквата одлука, бидејќи не успеа да ја добие борбата со повредата на коленото, која го мачи веќе неколку години.
Ричардс е познат по своите прекрасни настапи во Манчестер сити, иако овој клуб го напушти во 2015 година за да замине во Астон вила. Таму не се прослави бидејќи поради повредата на коленото настапи само 31 пат за четири години од кои последните три години воопшто не играше, па одлучи да се пензионира.
Сепак поранешниот клуб нема да ја заборави нивната ѕвезда, па за него најави ангажман во клубот.
– Еднаш Син, секогаш Син. Мика Ричардс објави дека се опростува од фудбалот откако ја изгуби битката со повреденото колено. Но, тој се враќа за да работи со нас и тоа многу бргу, наведуваат од Сити.