Арсенал се разделил со 15 милиони фунти за да го земе Дани Себаљос од Реал Мадрид на заем, вели „Сан“.

Во овие пари влегува и годишната плата на шпанскиот репрезентативец.

Клубот никогаш не откри никакви финансиски детали за договорот. Сепак, во објавата се додава дека и покрај сумата, не постои клаузула во договорот помеѓу двата тима.

Во меѓувреме, сонародниците на Себаљос, менаџерот Унаи Емери и Ерик Белерин, го убедиле да го избере Арсенал за своја дестинација оваа сезона. Тој добил уверување од тренерот дека редовно ќе игра во тимот – нешто што Зинедин Зидан не може да му го гарантира во Реал Мадрид.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2019 19:53