Спортскиот директор на Атлетико Мадрид, Мигел Анхел Хил, Марин призна дека „јорганџиите“ ќе сторат сé за да го привлечат Хамес Родригез. Колумбискиот репрезентативец, исто така, е баран од Наполи, а Реал Мадрид сака 42 милиони евра за неговите права.

– Знам дека навивачите на Атлетико би сакале да го видат Хамес во клубот. Нашиот тренер, исто така, го сака. Знаеме дека Хамес не сака да остане во Реал Мадрид, а ниту Реал Мадрид го сака. Ќе биде убаво да го привлечеме, но тоа ќе се случи само под други околности. Тоа зависи од претседателот на Реал, изјави Мигел Анхел Хил Марин.

Шпанските медиуми објавија дека Реал претпочитал да го продаде Родригез во Наполи отколку на неговиот градски ривал.

Во Неапол, исто така, не знаат што ќе се случи.

– Ние се уште преговараме. Реал сака да го продаде, а ние сакаме да го купиме. Но, нема простор за оптимизам или песимизам. Ќе видиме што ќе се случи, изјави тренерот на Наполи, Карло Анчелоти.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2019 19:57