Ракометарите на Вардар ја одбранија титулата во македонското првенство на едно коло до крајот на плејофот, откако со 38:25 го совладаа Пролет.
Тимот на Мерцедес во Формула 1 соопшти дека причина за одложувањето на договорот со нивниот возач и актуелен светски шампион, Луис Хамилтон, е недостигот на време поради фокусираноста на натпреварите и развојот на болидите.
Германскиот селектор Јоаким Лев потпиша нов договор до 2022 година, соопштија од Германскиот фудбалски сојуз. Досегашниот договор на експертот истекуваше по крајот на Евро 2020.
Фудбалерот на Барселона Андрес Иниеста ќе ја продолжи својата кариера во Кина или Јапонија, а неговиот избор ќе стане познат следната недела.
Новиот тренер на Италија, Роберто Манчини даде прво интервју за неговиот нов пост, откако официјално беше објавен за нов ментор на „азурите“ и беше претставен на медиумите.
Селекторот на македонската репрезентацијата до 21 година, Благоја Милевски денеска на прес-конференција го објави списокот на фудбалери, на кои ќе смета на пријателските средби против Азербејџан, кои се играат на 24-ти и 27-ми мај во Баку.
По „фајнал фор“ турнирот на Евролигата кој ќе се одржи оваа сезона во Белград, следниот град-домаќин ќе биде Виторија.
Големите имиња како Кристијано Роналдо, Рикардо Кварезма, Пепе и Жоао Мутињо очекувано се во составот, а Сантош се обложува на само осум грачи од португалското првенство.
Најдобриот бразилски фудбалер Нејмар да Силва најверојатно ќе се врати на теренот во пријателски натпревар против Хрватска на 3 јуни во Ливерпул.
Крилото на Голден Стејт, Кевин Дурант кој синоќа постигна 37 поени во победата на „воините“ над Хјустон Рокетс со 119:106, изјави дека „ракетите“ не ја виделе целосната моќ на актуелниот шампион на НБА.