Реал Мадрид официјално објави дека една од легендите на клубот, Раул Гонзалес станал тренер на вториот тим (Кастиља).

Поранешниот напаѓач зеде тренерска лиценца и повеќе нема пречки да биде ментор. Тој го замени Маноло Диас, кој го заменуваше Сантијаго Солари, откако Аргентинецот застана на чело на првиот тим.

И следната сезона втората екипа на „белиот балет“ ќе игра во Сегунда Б, третото ниво на шпанскиот фудбал.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/06/2019 10:10