Македонската кошаркарска репрезентација составена од играчи дои 14 години денеска ќе ги одигра првите натпревари на меѓународниот турнир во Словењ Градец, Словенија.
Фудбалерот на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ ќе добие нов договор и двојно зголемување на платата на три милиони евра по сезона, објави „Тутосорт“.
Засилувањето на Виљареал, Карлос Бака, објасни зошто одлучил да го напушти Милан. Според Колумбиецот, италијанскиот клуб не сакаше да го пушти.
Даниеле Де Роси и калчолигашот Рома ќе ја продолжат соработката до 2020 година. Ова е епилогот по согласноста од капитенот значително да му се намали платата.
Генералниот секретар на Европската Традиционална карате федерација Дејан Недев, и претседателот на техничката комисија на ЕТКФ Венцислав Недев, од 24 до 30 август ќе присуствуваат на ЕТКФ Европскиот карате семинар во Ефорие суд, Романија, информираат од МТКФ.
Поранешниот потпретседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА) и претседател на Бразилската фудбалска конфедерација, Жозе Марија Марин е осуден на четири години затвор за корупција.
Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес, уште еднаш го искритикува Месут Озил оспорувајќи ги неговите квалитетите.
Заедницата на фудбалери во Шпанија (АФЕ) не се согласува натпревар од Примера да се игра надвор од границите на државата.
Македонската одбојкарска репрезентација претрпе пораз од Швајцарија со 2:3 во сетови во третото квалификациско коло за Европското првенство во 2019 година.
Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 17 години денеска одигра реми без голови во пријателскиот натпревар против репрезентацијата до 19 години на Малта.