Голманите Мануел Нојер и Свен Улрих, како и дефанзивецот Матс Хумелс го пропуштија денешниот тренинг на баерн Минех поради грип.
Отсутен беше и Френк Рибери кој има стомачен вирус.
Роберт Левандовски, Тиаго Алкантара и Леон Горецка кои не се целосно подготвени, тренираа одделно.
Следниот меч во Бундеслигата, Баерн ќе го одигра на 2 март против Борусија Менхенгладбах.
Баварците се втори на табелата со три бода заостанување зад лидерот Борусија Дортмунд.