Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, е подготвен да се врати на работа. Сепак, според него, за да се случи тоа треба да се исполнат одредени услови.

Не сакам да работам во клуб без амбиции. Јас одбив дарежлива понуда, бидејќи сакам да учествувам во фудбалот од највисоко ниво и моите амбиции се многу високи. Ова е второ барање, изјави Португалецот за англиските медиуми. Првото е, во тимот да имам истомисленици. Сакам да работам со луѓе што ги сакам, со оние со кои уживам да работам и да споделувам идеи. Не сакам да бидам во постојан конфликт на мислења, додаде Мурињо.

Запрашан дали постои таков клуб, тој одговори:

Да Така беше во Интер. Постојат такви клубови. Ова е многу важно за успех. Во својата кариера тренерска Мурињо ги предводеше: Бенфика, Леириа, Порто, Челзи во два наврата, Интер, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/02/2019 10:45