Фудбалерот на Тијанжин Аксел Витсел планира да го напушти кинескиот клуб во текот на летото. Дваесет и девет-годишниот белгиски репрезентативец ќе се приклучи на Борусија Дортмунд.
Манчестер Јунајтед нема да го продаде шведскиот дефанзивец Виктор Линделоф во Лион, соопшти француското издание „Екип“. Трансферот на 24-годишниот играч е блокиран лично од менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо.
Златан Ибрахимовиќ го забележа првиот „хет-трик“ за Лос Анџелес Галакси во победата над Орландо Сити со 4:3 во американската МЛС лига. Ибра со три последователни гола во периодот од 47 до 71 минута, го донесе пресвртот на тимот од Л.А. против гостите од Флорида.
Репрезентација на Македонија за кошаркари до 18 години во рамките од третото коло од Европското првенство – Б дивизија загуби од Луксембург со 63:73 (37:27).
Младинската репрезентација на Македонија ја совлада Белорусија во големото финале на ЕХФ-шампионатот и обезбеди пласман во дивизија “А“, каде ќе настапи на следното младинско ЕП. Нашата репрезентација одигра најдобро и најконстантно на ова првенство и го заврши со само еден загубен бод.
Матео Беретини ја освои првата АТП титула во кариерата, победувајќи го 17-тиот светски тенисер во светот во финалето на турнирот во Гштад, Швајцарија.
Британецот Герајнт Томас го освои 105-тото издание на „Тур де Франс“. За 32-годишниот натпреварувач на „Скај“ ова беше прва победа во било која од големите три велосипедски тури во светот - оние на Франција, Италија и Шпанија.
Луис Хамилтон беше видливо задоволен по неговата шеста победа на „Хунгароринг“. Мерцедес ја контролираше трката цело време и не им даде можност на Ферари да ја покажат својата предност.
Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон триумфираше на патеката „Хунгароринг“ во Унгарија и ја освои последната трка пред едномесечната пауза во Формула 1.
Барселона нема намера да се раздели со вториот најскап трансфер во својата историја - Усман Дембеле