ЖРК Металург сезоната ќе ја почне со максимални амбиции во македонското првенство, во националниот куп, во пионерското, кадетското и во јуниорското првенства на Македонија, информираат од клубот.
Фудбалерот на Реал Мадрид, Матео Ковачиќ е пратен на позајмица во Челзи. Премиерлигашот денеска го промовира новиот свој член. „Сините“ објавија дека договорот на 24-годишниот фудбалер со лондонскиот тим е наменет за една сезона.
Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс смета дека и оваа сезона тимот од „Олд Трафорд“ нема да биде во конкуренција за највисок пласман.
Македонската репрезентација во традиционално карате која од 14 до 16 септември ќе земе учество на 33. Европски шампионат за сениори, младинци, јуниори и кадети во Белград, ги започна финалните подготовки за настапот на престижното натпреварување.
КросФит најави дека трансродните спортисти од следната година ќе можат да се натпреваруваат на КросФит игрите, објави „Баз фид њуз“.
Навивачите на грчкиот тим ПАОК за време на синоќешниот дуел во Солун против Спартак Москва, предизвикаа неколку инциденти кои многу веројатно нивниот тим ќе го чинат санкции од УЕФА.
Тренерот на Шкендија, Ќатип Османи по поразот (0:3) од австриски Салцбург во првиот натпревар од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите го сподели своето незадоволство, но додаде дека нема да престанат да веруваат во чудо и пласман во следната рунда.
На предлог на тренерите на државната репрезентација во борби и кати, Карате федерацијата на Македонија обезбеди подготовки во Банско за сите македонски каратисти кои се наоѓаат меѓу најдобрите 100 во својата категорија на ВКФ ранг листата.
Македонскиот фудбалски шампион Шкендија на првиот натпревар против Салцбург, во рамки од третото квалификациско коло на Лигата на шампионите загуби убедливо со 3-0 (2-0).
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во третиот круг на Роџерс Купот во Торонто по победа над канадскиот тенисер Питер Полански со 6:3, 6:4.