Српскиот фудбалски тренер Синиша Михајловиќ би можел да го наследи Италијанецот Роберто Манчини на клупата на Зенит во Санкт Петербург, објавија италијанските медиуми, цитирани од РТС.

Манчини е главен кандидат за селектор на Италија, додека Михајловиќ најверојатно ќе го замени во рускиот клуб, објави италијански „Скај спорт“.

Токму Михајловиќ на почетокот на својата тренерска кариера му беше заменик на Манчини во Интер, а тие играа заедно во Сампдорија и Лацио.

Михајловиќ моментално е без ангажман откако го напушти Торино во јануари, додека претходно ги предводеше Милан, Сампдорија, Фиорентина, Катанија, Болоња и беше селектор на српската репрезентација.

Манчини се очекува да ги преземе „азурите“ на 20 мај, а потоа ќе следи евентуална спогодба меѓу Михајловиќ и богатиот руски клуб, чиј член е и српскиот репрезентативец Бранислав Ивановиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/04/2018 13:14