Арсен Венгер, тренерот на англискиот премиерлигаш Арсенал ја напушта функцијата по крајот на сезоната, објави клубот на својата веб-страница.

„По внимателно разгледување и разговори со клубот, чувствувам дека е вистинско време да се повлечам на крајот на сезоната", нагласува Венгер во соопштение објавено на веб-страницата на клубот.

Венгер го предводи Арсенал веќе 22 години.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/04/2018 09:37