Претседателот на Светската антидопинг агенција (ВАДА) Крег Риди изјави дека анти-допинг службите на Светското првенство во Русија биле добро организирани.
Поранешниот голгетер на Барселона и Интер, Самуел Ето, кариерата ќе ја продолжи во Катар, соопшти денеска истоимениот фудбалскиот клуб од Доха.
Македонската ракометна репрезентација ја победи попладнево ја победи Швајцарија со 32:31 и го освои првото место во А-групата на ЕХФ шампионатот во Грузија за играчи до 18 години.
Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев во интервју за МИА најавува дека може да ја заврши богата фудбалска кариера идната или најдоцна во 2020 година.
Еден од најдобрите фудбалери на Милан, Шпанецот Сусо, и покрај интересот на Рома, нема намера да го напушти „Сан Сиро“ и е подготвен да потпише нов договор со „росонерите“ објави „Газета дело Спорт“.
Италијанскиот гигант Интер донесе одлука да се казни Жоао Марио со исфрлање од првиот состав, доколку Португалецот продолжи да ги одбива понудите за преминувањето во друг тим, тврди Газета дело Спорт.
Легендарниот шампион во Формула 1, Ники Лауда започна со физикална терапија, соопшти австриски „ОЕ 24“. Лауда закрепнува по трансплантацијата на белите дробови извршена претходниот месец.
Фудбалерот од средниот ред, Тимуе Бакајоко, е пред преселба од Челзи во Милан. За Бакојако да дојде како позајмен играч Милан ќе му плати пет милиони евра на Челзи, објави Скај Италија.
Фудбалерот на Манчестер Сити, Бернардо Силва вели дека ќе биде многу тешко „граѓаните“ да ја одбранат титулата во Премиер лигата, бидејќи сега сите противници знаат што да очекуваат од нив.
Сенегалецот Кеита Балде по трансферот од Монако во Интер, рече дека му се остварил сонот од детството.