Раководството на премиерлигашот Манчестер Сити подготвува нов договор за менаџерот Пеп Гвардиола. Како што објавија англиските медиуми „граѓаните“ сакаат да го задржат шпанскиот стручњак најмалку до 2020 година.

Тековниот договор на Гвардиола завршува на крајот од сезоната 2018/19.

Под негово водство Манчестер Сити ја обезбеди шампионската титула во Англија на убедлив начин.

Во Лигата на шампионите, Сити одигра одлично во групната фаза, стигна до четвртфиналето каде беше елиминиран од Ливерпул.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/04/2018 08:49