Легендарниот фудбалер на Атлетико, Фернандо Торес изјави дека нема да остане во Ла Лига по завршување на актуелниот договор со клубот од Мадрид.

- Уште не одлучив каде ќе ја продолжам кариерата. Постојат некои варијанти, но едно е сигурно, во Шпанија нема д а останам. За во Европа не сум сигурен, додаде Торес.

Поранешниот шпански репрезентативец има неколку понуди од американската МЛС лига. За него се интересираат Монтреал, Сиетл, Њу Јорк, Спортинг Канзас и Чикаго.

Торес освен Атлетико играше за Ливерпул, Челзи и Милан, и беше дел од шпанската репрезентација која освои две Европски првенства и еден Светски шампионат.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/04/2018 09:58