Македонските претставници во Лига Европа, Вардар и Работнички утре (6 јули) со почеток во 17:30 часот, ќе одиграат пријателски дуел. Мечот ќе биде последен „тест“ за двете екипи пред натпреварите на евро-сцената.
Оскар Рамирез ќе биде разрешен од селекторската функција во костариканската фудбалска репрезентација поради елиминацијата уште во групната фаза на Мундијалот во Русија, потврди претседателот на Фудбалската асоцијација на таа земја, Родолфо Виљалобос.
Менаџерот на Манчестер Сити, Жозеп Гвардиола, може да ја предводи репрезентацијата на Аргентина, пишуваат аргентинските медиуми.
Раководството на Лос Анџелес Лејкерс се откажало од ангажман на Демаркус Казинс поради повреда, објави Њјуорк Тајмс. Според весникот, во Лејкерс се убедени дека поради повреда, Казинс нема да може да игра до почеток на следната година.
Светската фудбалска федерација (ФИФА) реагираше на критиките на Диего Марадона упатени кон судијата на мечот од осминафиналето на Светското првенство 2018 помеѓу Англија и Колумбија (1:1, 3:4 пенали).
Селекторот на јапонската фудбалска репрезентација Акира Нишино ќе ја напушти функцијата на крајот од јули. Под негово водство Јапонија стигна до осминафиналето на Светското првенство 2018, каде што загуби од Белгија со 3:2 со голови примени во последните дваесетина минути.
Младиот шпански фудбалер Фабијан Руиз Пења ќе се пресели од Бетис во Наполи. Според информациите кои пристигнуваат од Неапол, Бетис за овој трансфер ќе инкасира 30 милиони евра.
Македонскиот кошаркарски стручњак Емил Рајковиќ и официјално следната сезона ќе биде тренер на кошаркарскиот клуб Астана од Казахстан.
Тренерот на Олимпик Лион, Бруно Женесио, потврди дека холандскиот фудбалер Мемфис Депај ќе биде казнет бидејќи не се појави на тренингот на почетокот од подготовките.
Реал Мадрид денеска ги дементираша тврдењата на повеќе медиуми дека раководството на актуелниот европски шампион постигнало договор со Пари Сен Жермен за купување на младиот напаѓач Килијан Мбапе.