“Се’ сум чул и доживеал во животот, но вакво лудило на денешната утакмица помеѓу Македонија и Словенија, не сум доживеал никогаш… каков ломмм”, напиша Иван Скрињица на Инстаграм.
Според ЕХФ, левиот бек на македонската репрезентација, Филип Талески со погодокот во последната секунда од првото полувреме, ја имаше најдобрата акција на натпреварот против Словенија.
Селекторот на Словенија, Веселин Вујовиќ има намера да менува професија. Тој по поразот од Македонија (24-25) на средбата со новинарите имаше забелешки за судењето.
Капитенот на Македонија, Кире Лазаров триумфот над Словенија (25:24) го посвети на навивачите кои им дадоа голема поддршка на „црвено-жолтите“ во „Арена Загреб“.
Селекторот на македонската репрезентација Раул Гонзалес не го криеше задоволството од победата против Словенија, но во свој стил се обиде да ја смири еуфоријата која ја зафати Македонија.
Македонската ракометна репрезентација ја победи фаворизираната Словенија во првото коло на ЕП во Хрватска со 25:24.
Ждрепката одлучи Македонија да игра со актуелниот европски шампион и со третопласираната екипа од последното светско првенство.
Мохамед Салах, напаѓачот на Ливерпул, изјави дека шпекулациите за заминувањето од „Енфилд роуд“ не допираат до него и изјави дека е среќен во клубот.
Хрватите одиграа одличен натпревар и со 32-22 ја совладаа Србија, додека актуелниот светски ракометен шампион Франција, потешко од очекувањата, славеше со минимален резултат од 32-31 против Норвешка на стартот од Европското првенство во ракомет.
ЕХФ треба да одлучи оваа година за домаќинот на ЕП 2022. Како куриозитет, трите држави заеднички кандидати за организација на женското ЕП, се ривали во групата Ц на ЕП во Хрватска.