Мохамед Салах, напаѓачот на Ливерпул, изјави дека шпекулациите за заминувањето од „Енфилд роуд“ не допираат до него и изјави дека е среќен во клубот.

„Слушнав толку шпекулации, што веќе не ме допираат. Во Ливерпул сите толку добро ме третираат, му припаѓам на Ливерпул и среќен сум на ’Енфилд роуд’. Нека остане така...“, изјави Салах, пренесоа британските медиуми.

Египетскиот репрезентативец во Ливерпул дојде минатото лето од Рома, кога потпиша повеќегодишен договор вреден 36,9 милиони долари.

Во медиумите сè почесто се појавуваат приказните дека тој кариерата би можело да ја продолжи во Реал Мадрид.

Салах во изборот на навивачите беше прогласен за најдобар играч на Ливерпул за декември, а малку порано и за најдобар играч на Африка во минатата година.

„Многу сум среќен што повторно ја добив оваа награда. Секогаш е добро чувството да се освои награда, бидејќи тоа значи дека работите напорно, дека му помагате на тимот. Но, како што и претходно кажував, најважни ми се победите, а ние се обидуваме да победиме во секој натпревар“, изјави Салах.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/01/2018 03:15