Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола објави дека ќе се потпира на голгетерот Серхио Агуеро за првиот натпревар против Тотенхем од четвртфиналето во Лигата на Шампионите
Напаѓачот на Челзи, Гонзало Игуаин најави дека нема да го напушти лондонскиот клуб. Аргентинецот е опција за нападот на Рома
Однесувањето на Диего Кошта за времена мечот против Барселона може да го чини скапо. Напаѓачот на Атлетико Мадрид му се заканува казна до 8 натпревари поради вулгарни зборови спрема судијата и по протерувањето со црвен картон за време на дербито на Примера минатиов викенд
Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк очекува исклучително тежок натпревар против Порто во четвртфиналето на Лигата на шампионите
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека утрешниот дуел со Порто од четвртфиналето на Лигата на Шампионите ќе биде многу поразличен од мечот во кој победија со 5: 0 против истиот ривал во Португалија минатата сезона
Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино го утврди утрешниот прв четвртфинален судир од Лигата на Шампионите против Манчестер Сити како еден од најголемите во неговата досегашна кариера
Шест круга остануваат до крајот на сезоната во англиската Премиер лига. Ливерпул е на врвот на табелата со 82 поени, 2 пред Манчестер Сити (80 поени). „Граѓаните“ сепак се со натпревар помалку, откако изминатиов викенд беа ангажирани во ФА Купот (поеда над Брајтонсо 1:0)
Поранешниот напаѓач на Интер, Антонио Касано, сериозно го критикуваше Мауро Икарди во студиото на „Тики Така“.
Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, по синоќешниот нерешен резултат со Џенова (1:1) во рамките на 31. коло од Италијанскиот фудбалски шампионат рече дека е време неговите избраници да се разбудат.
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев одигра шеесетина минути синоќа против Наполи и има голема заслуга за подвигот на Џенова која остана непоразена и покрај тоа што еден час играше со фудбалер помалку.