Поранешниот фудбалер на Јувентус и екс италијански репрезентативец, Клаудио Маркизио, утре и официјално на прес-конференција во Торино ќе го објави завршувањето на фудбалската кариера.

Последен клуб на 33-годишниот Маркизио му беше руски Зенит Санкт Петербург, чиј дрес го носеше во минатата сезона. Летово имал понуди од шкотски Ренџерс, како и од клубови од Бразил и Кина, но решил да се повлече.

Маркизио најголем дел од кариерата мина во Јувентус, член на најтрофејниот италијански клуб беше од 2005 до 2018 година, со една година пауза кога го позајмија во Емполи.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/10/2019 22:46