Шкотскиот фудбалски клуб Кардиф изрази разочарување од одлуката на ФИФА да го задолжи клубот да плати шест милиони евра на Нант како прва транша за трансферот на напаѓачот Емилијано Сала.
Фудбалерот го загуби животот во авионска несреќа при транспорт од Нант кон Кардиф. Тој не одигра ниту еден натпревар за Кардиф.
Според договорот меѓу двата клуба, трансферот изнесуваше 17 милиони евра, но Кардиф одби да ги плати овие пари, затоа што во моментот на смртта на Сала сè уште не стана нивен играч. -Ние сме крајно разочарани од оваа одлука. Веруваме дека ФИФА својата одлука ја заснова само на мали детали од општиот контекст, не земајќи го предвид целиот пакет документи. Постојат јасни знаци дека договорот треба да се смета за неважечки, бидејќи не се исполнети сите негови услови, објави Кардиф.