Женскиот македонски фудбалски национален тим го совлада Казахстан со 4:1 во денешниот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2021.

На тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, избраничките на селекторот Кирил Изов во првото полувреме по 28 минути игра поведоа со 3:0, и со тоа го решија прашањето на победникот.

Наташа Андонова и Гентијана Рочи дадоа по два гола. Во финишот, црвен картон доби Јулија Живиќ.

Наредниот меч на „црвено-жолтите“ е на 5 октомври против Србија, истотака во Скопје. По две кола, македонската женска селекција има три бода и гол разлика 4:4, бидејќи во првото коло загубивме од Австрија со 0:3.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/10/2019 22:42