Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) го обвини играчот од средниот ред на Манчестер сити, Бернардо Силва за искажан расизам и побара објаснување од него најдоцна до 9 октомври.

Силва преку Твитер се пошегува на сметка на соиграчот Французинот, Бенџамин Менди. На 22 септември, тој спореди детска фотографија од Менди со сликата на кутијата со чоколадните бонбони „Конквитос“, а потоа го избриша записот.

Менди реагираше на шегата со хумор и не изрази незадоволство.

Сепак, корисниците на социјалните медиуми го критикуваа Силва, а „Кик Ит аут“, анти-расистичка организација, ја повикаа ФА да отвори случај против Силва.

Покрај тоа, фудбалерот веќе испрати писмо со извинување до ФА, како и апел од Менди, кој потенцираше дека нема причина за незадоволство.

Треба да се напомене дека Силва и Менди играа за Монако заедно, по што се преселија во Манчестер сити.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/10/2019 15:49